ПТИ преку бизнис-партнерот Тексел ги сака патарините

Bez autora
Nov 15 2012

Полската фирма ПТИ преку бизнис-партнерот Тексел сака да учествува во изведба и реализација на инвестиција за изградба на системот за електронска наплата на патарини во Македонија. На презентацијата што ја организираше Амбасадата на Полска во Македонија, претставниците на компаниите истакнаа дека поседуваат искуство, референци и специјализиран персонал во областа на патната телематика. Поради сличноста на македонската и полската патна мрежа предлагаат инвестицијата да се реализира со ДСРЦ-систем, според проверена шема што е веќе спроведена во Полска. Од ПТИ нудат две можности за нивен ангажман, преку договор со Владата за приватно-јавно партнерство или да ги изведат работите на база на оутсоурцинг, исто така со потпишување договор. Во двата случаи на соработка гарантираат дека воведувањето на системот за електронска наплата на патарини значително ќе ги зголеми приходите во државниот буџет по основ на патарини.

ПТИ преку бизнис-партнерот Тексел ги сака патаринитеПолската фирма ПТИ преку бизнис-партнерот Тексел сака да учествува во изведба и реализација на инвестиција за изградба на системот за електронска наплата на патарини во Македонија.

На презентацијата што ја организираше Амбасадата на Полска во Македонија, претставниците на компаниите истакнаа дека поседуваат искуство, референци и специјализиран персонал во областа на патната телематика. Поради сличноста на македонската и полската патна мрежа предлагаат инвестицијата да се реализира со ДСРЦ-систем, според проверена шема што е веќе спроведена во Полска.

Од ПТИ нудат две можности за нивен ангажман, преку договор со Владата за приватно-јавно партнерство или да ги изведат работите на база на оутсоурцинг, исто така со потпишување договор. Во двата случаи на соработка гарантираат дека воведувањето на системот за електронска наплата на патарини значително ќе ги зголеми приходите во државниот буџет по основ на патарини.

- Ќе треба внимателно да се определи патната мрежа, која ќе подлежи на надомест, потенцијалниот број на корисници на системот, да се спроведат законски измени и да се приспособи правната регулатива за воведување наплата на давачки - велат од ПТИ.

Во случај Теџел да ја добијат работата, имаат намера најмалку 50% од работите поврзани со примена и воведување на главниот систем и дополнителните технички елементи да ги дадат за реализација на македонски фирми, а исто така, да се снабдуваат со градежни материјали и неопходна информатичка опрема на локалниот пазар.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik